24фудбал

Буфон: Само двајца голмани се подобри од Харт

Џиџи Буфон му дава поддршка на својот колега од Манчестер Сити, Џо Харт кој најверојатно ќе треба да го напушти клубот бидејќи не е во плановите на Пеп Гвардиола.

Англија

Пеп Гвардиола смета дека Џо Харт не е доволно добар голман за неговиот тим, па на првите два официјални дуели оваа сезона стартер беше Вили Кабалеро.

Информациите велат дека Клаудио Браво од Барселона ќе се пресели во Сити и тој ќе биде првиот голман, а Џо Харт ќе треба да го напушти клубот во потрага по место каде што би бранел стандардно.

Џиџи Буфон застана во одбрана на англискиот репрезентативен голман, велејќи дека во моментов има само двајца подобри од Харт притоа скромно не ставајќи се себе меѓу нив.

„Харт и пред две-три години беше во слична позиција, но кога се врати беше во најдобра форма во својата кариера. Тој константно покажува дека е еден од најдобрите голмани во светот“ - вели Буфон.

„Де Геа и Нојер се двајца неверојатни голмани во моментов, освен нив нема ниту еден друг кој е на повисоко ниво од Џо Харт“.

„Тој пред него има уште многу години на голот без разлика дали тоа ќе биде во Манчестер Сити или на друго место“.