24фудбал

Кавани: Никогаш не би го предал Наполи како Игуаин

Напаѓачот на ПСЖ, Единсон Кавани ја почитува одлуката на Гонзало Игуаин да го напушти Наполи за трансфер во Јувентус, но вели дека тој никогаш не би направил такво нешто.

Италија

По својата најдобра сезона во дресот на Наполи, Игуаин одлучи да се пресели во најголемиот ривал на Наполитанците, тимот на Јувентус.

Фановите на Наполи се бесни и го сметаат Игуаин за еден од најголемите предавници во историјата на нивниот клуб.

Потегот на Игуаин го критикуваше Марадона, а сега се огласи и Единсон Кавани кој беше напаѓач на Наполи пред Гонзало.

„Сите носат одлуки кои сметаат дека треба да ги донесат. Но јас никогаш не би го направил тоа“ - изјави Кавани.