24фудбал

Милевски го објави списокот за дуелите со Шкотска и С. Ирска

Селекторот на младата македонска репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за квалификациските натпревари против Шкотска и Северна Ирска.

Македонија
Пред репрезентација до 21 година која игра одлични квалификации се два нови предизвици, Шкотска и Северна Ирска.
 
Македонските надежи на 2. септември и гостуваат на Шкотска, а на 6. септември на араната „Филип Втори“ ја пречекуваат Северна Ирска.
 
Македонија до 21 година спроти натпреварот со Шкотска влегува на делба на второто место во групата 3 од квалификациите за Европското првенство. На три круга до крајот од циклусот квалификации, Македонија има два бода помалку од лидерот Франција. Последниот натпревар го играме дома против Шкотска на 8. октомври.
 
Селекторот Благоја Милевски објави список со 20 фудбалери кои ќе конкурираат за настап на натпреварите: