24фудбал

ПСЖ ќе добие 175 милиони евра за промоција на Катар!

За продолжување на доминацијата во Франција и поход по трофејот во Лигата на Шампионите, ПСЖ ќе добие чек од 175 милиони евра од Катар

Франција

Катарците го поседуваат ПСЖ, но поради правилата на УЕФА за финансиски фер плеј кои ги оневозможуваат сопствениците од свој џеб да ги финансираат трансферите, лидерите на клубот од Париз мораа да бидат малку иновативни и да ги заобиколат правилата.

Според пишувањата на Ла Паризиен, ПСЖ и државната агенција за промоција на туризмот во Катар ги финализираат последните детали од новиот спонзорски договор од кој „Светците“ оваа година ќе инкасираат 175 милиони евра, сума која е речиси една од третина од предвидениот буџет за новата сезона.

За 175 милиони евра, Катар ќе ги добие имиџ права на ПСЖ како и оние на фудбалерите за да се промовира како туристичка дестинација.

Како дел од договорот, играчи на фудбалските и ракометните тимови во машка и женска конкуренција ќе треба да се појават на штандот на саемот за туризам во Париз во септември.

Исто така, ПСЖ зимоска одново ќе организира тренинг камп во Доха.