24фудбал

Официјално: Барселона го ангажираше Силесен

Шампионот на Шпанија, Барселона го потврди трансферот на Јаспер Силесен од Ајакс

Шпанија

Холанѓанецот на Камп Ноу пристигнува како замена за Клаудио Браво, кој наскоро треба да го комплетира трансферот во Манчестер Сити.

За услугите на 27 годишниот Јаспер Силесен, Барселона ќе плати 13 милиони евра плус 2 додатни милиони во бонуси.

Репрезентативецот на „Лалињата“ стави потпис на пет годишен договор и има откупна клаузула вредна 60 милиони евра.