24фудбал

Вардар го комплетира трансферот на Тигран Барсегјан

Тигран Барсегјан и официјално е фудбалер на Вардар откако ерменскиот интернационалец денеска стави потпис на договор со македонскиот шампион.

Македонија
Барсегјан ги одработе подготовките со Вардар, но дури сега се комплетираа сите формалности по што трансферот е официјализиран.
 
„Сега сум среќен што конечно можам да играм. Очекувам наскоро да дебитирам за Вардар. Ова за мене е прво искуство надвор од Ерменија, и ќе дадам се од себе да оставам силен впечаток. Знам дека амбициите на овој клуб се двојната круна и настапите во Лигата на шампионите идната година. Имав можност да ги гледам двата меча со Динамо и Вардар беше рамноправен, дури и подобар ривал. Тоа носи оптимизам, и се надевам на повеќе среќа следниот пат. Оваа екипа има потенцијал за успех не само во Македонија, туку и на меѓународна сцена. Имав можност да бидам дел од подготовките и можев да приметам дека Вардар напредува и веќе го следи теркот на гоелмите екипи со својот тренинг камп“, изјави Барсегјан. 
 
Тигран Барсегјан е роден на 22.09.1993 година. Беше дел од екипите на Гандзасар, Банантс, Мика, а сега ќе го носи дресот на македонскиот шампион. Новото засилување на Вардар е и ерменски репрезентативец, и има три настапи за селекцијата и постигнато еден гол.