24фудбал

На Клаван не му се верувало дека Клоп го бара во Ливерпул па побарал селфи од стратегот

Естонецот Рагнар Клаван открива интересна анегдота од неговиот трансфер на Енфилд, Јирген Клоп му пратил селфи за да докаже дека интересот на Ливерпул е сериозен

Англија

Многумина беа изненадени кога 30 годишниот дефанзивец од Аугсбург се пресели на Енфилд ова лето.

Естонецот сега открива интересна анегдота од неговиот трансфер во Ливерпул.

На Рагнар Клаван не му се верувало кога добил повик од Јирген Клоп па за да се увери дека не се работи за шега побарал селфи од менаџерот на „Црвените“.

„Јирген ми прати селфи за да потврди дека е тој – вели Клаван во разговор со Телеграф.

„Кога добив порака му вратив „Не ти верувам. Барам доказ“. Ми прати селфи како се смее.

„Не ми се веруваше во прв момент, но веднаш ја прифатив понудата.