24фудбал

Михајловиќ: Максимовиќ за мене е мртов!

Тренерот на Торино, Синиша Михајловиќ не сака да ја коментира ситуацијата на неговиот сонародник Никола Максимовиќ

Италија

24 годишниот дефанзивец сака трансфер во Наполи и веќе две недели одбива да се врати во Торино и да му се приклучи на тимот за новата сезона.

„Немам слушнато ништо – вели тренерот на Торино, Синиша Михајловиќ.

„За мене Максимовиќ е мртов!

Според пишувањата на медиумите од Италија, Никола Масимовиќ до крајот на преодниот рок треба да потпиша за Наполи.

„Наполитанците“ ја зголемиле понудата на 30 милиони евра (вклучувајќи и бонуси) за услугите на Србинот.