24фудбал

Официјално: Ѕаѕа потпиша за Вест Хем

Симоне Ѕаѕа од Јувентус се сели во Вест Хем на едногодишна позајмица со можност целосно да биде откупен.

Англија

Вест Хем потпиша со Симоне Ѕаѕа, Италијанецот ќе се проба во Премиерлигата.

Тој доаѓа како позајмен играч до крајот на сезоната со можност целосно да биде откупен.

Вест Хем за позајмицата ќе плати 5 милиони евра, а со доплата од уште 20 милиони евра ќе може трансферот да го направи перманентен.

„Им благодарам на сите за топлото добредојде вклучувајќи ги фановите и сите во клубот. Сакав да почнам нова авантура и мислам дека го направив вистинскиот избор“ - вели Ѕаѕа.