24фудбал

Несторовски со Палермо до голем бод на гостувањето кај Интер (ВИДЕО)

Илија Несторовски и Палермо останаа непоразени на гостувањето на Џузепе Меаца, „Сицилијанците“ одиграа 1-1 и освоија голем бод против фаворитот Интер

Италија

Франк Де Бур ќе почека уште некоја недола за првата победа на кормилото на Интер, неговите избраници денеска спасуваа бод против Палермо.

Гостите го шокираа фаворитот на стартот од вториот дел, Рисполи шутираше од врвот на шеснаесетникот, топката го закачи Сантон, го промени правецот и го измами Хандановиќ.

Икарди спаси бод во 72. минута, по нафрлената топка на Кандрева, напаѓачот со глава ја затресе мрежата на Палермо.

Во составот на Палермо стартер беше Илија Несторовски, македонскиот репрезентативец на теренот помина 75 минути.

Александар Трајковски се уште се опоравува од повредата и не беше во комбинација за дуелот со Интер.