24фудбал

Сасуоло со службени 3-0 го загуби мечот против Пескара

Поради административна грешка, неправилно пријавување на новото засилување Антонио Рагуза, Сасуоло со 3-0 службено го загуби мечот против Пескара кој на теренот го доби со 2-1.

Италија

Сасуоло одлично ја почна сезоната на зелниот терен, ги победи првите два натпревари во Серија А и освои максимални шест бода, но од тие шест ќе им бидат одземени три.

Нивното ново засилување Антонио Рагуза ги одиграл последните 20 минути иако немал право на настап.

Фудбалерот од средниот ред пристигна од Чезена на 26. август, откако Сасуоло пријавил состав од 25 играчи во Лега Калчо.

Клубот требало да го извести телото дека еден од пријавените 25 фудбалери ќе биде заменет со новото засилување, но тие не го сториле тоа.

Поради ваквиот пропуст на администрацијата на Сасуоло, играчот немал право на настап, а резултатот од нивниот натпревар против Пескара ќе се регистрира со службени 3-0 за противникот.