24фудбал

Вилшер има 22 понуди и само еден ден да одлучи за следниот клуб!

Џек Вилшер во последниот ден од летниот преоден рок ќе замине од Арсенал, на адреса на играчот пристигнале 22 понуди

Англија

Поради малата минутажа, во договор со Арсен Венгер, Џек Вилшер доби зелено светло да замине на позајмица.

Според пишувањата на медиумите од „Островото“, на адреса на Џек Вилшер пристигнале 22 понуди.

Џек Вилшер има можност да се пресели во Шпанија и Италија, но се верува дека играчот сака да остане во Премиерлигата и тоа во клуб од Лондон.

Кристал Палас се посочува како главен фаворит за потписот на 24 годишниот фудбалер од средниот ред.