24фудбал

Милан се обидува да договори позајмица на Фабрегас

Според италијанските медиуми, Милан се обидува да го позајми Сеск Фабрегас од Челси во последните моменти од преодниот рок.

Италија

Остануваат уште неколку часа од преодниот рок, возбудлив период во кои можат да се случат неколку интересни зделки.

Медиумите пишуваат дека Милан се обидува да договори позајмица на Фабрегас кој не е во плановите на Конте за стартниот тим на Челси.

Пречка може да бидат големите примања на фудбалерот кој заработува околу 8 милиони евра по сезона во Челси, сума која е голема за Милан.

Италијанскиот клуб се обидува да издејствува дел од неговата плата да ја покрива Челси. Наскоро ќе видиме дали има вистина во ваквите тврдења и дали Милан ќе успее да го донесе Фабрегас во последниот ден од преодниот рок.