24фудбал

Флорентино Перез објасни зошто Реал не се засилува

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез објасни зошто „Кралевите“ се прилично резервирани на трансфер пазарот и не ангажираат нови засилувања

Шпанија

Шампионот на Европа до овој момент само ги врати Алваро Мората и Марко Асенсио на Сантијаго Бернабеу.

И покрај тоа што се најавуваа мега трансфери како Пол Погба од Јувентус, Роберт Левандовски од Баерн Минхен и Пјер Емрик Обамејанг од Борусија Дортмунд, Реал Мадрид е прилично резервиран.

Првиот човек на клубот сега објасни зошто „Кралевите“ не донеле нови засилувања.

„Имаме спектакуларен состав и невозможно е да го подобриме – вели претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.