24фудбал

Алексовски, Бабунски и Демири неизвесни за дуелот со Северна Ирска

Во текот на денешниот ден селекторот Милевски ќе знае дали ќе ги има на располагање важните играчи Алексовски, Бабунски и Демири за утрешниот меч против Северна Ирска.

Македонија

Победата против Шкотска не беше лесна, ја плативме и со тројца повредени играчи кои се неизвесни за важниот меч против Северна Ирска.

Демири прв го заврши дуелот поради повреда, Бабунски на почетокот од вториот дел беше изваден поради болки во рамото, а Алексовски последните минути ги бранеше со повредена нога.

„Тоа се три важни позиции. Денеска очекуваме детални лекарски прегледи, по што ќе се знае дали ќе може да сметаме на нив. Во секој случај, и да не можеме да сметаме на нив имаме ние играчи кои може соодветно да одговорат. Јас сакам да искажам огромна почит за сите наши млади фудбалери за сето она што го пружаат во македонската репрезентација. Добар дел од нив воопшто не се стандардни во своите клубови, но за селекцијата даваат повеќе од 100%. Тоа е за огромна почит“ – рече македонскиот селектор.