24фудбал

Зидан: Казната е апсурдна и не ја разбирам

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан не ја разбира казната што им ја изрече ФИФА и забраната за регистрирање на нови играчи, се надева дека Судот за спортска арбитража ќе има повеќе разбирање

Шпанија

Светската куќа на фудбалот вчера ја одби жалбата на „Кралевите“ и ја потврди забраната за регистрирање нови играчи во следните два трансфер периоди.

Реал Мадрид ја доби оваа казна поради прекршување на правилата на ФИФА за ангажман на малолетни играчи.

На листата со фудбалери чии трансфери се неправилни се и четворицата синови на Зинедин Зидан, па тренерот на Реал Мадрид вели дека сето ова е апсурдно.

„Не ја разбира казната – вели Французинот.

„Можам да говорам за моите деца. Цел живот живеат тука, тука се родени па апсурдно е што не можат да играат фудбал.

„Вознемирен сум. Но ајде да почекаме и да видиме што ќе се случи со жалбата до Судот за спортска арбитража. Се надевам дека тие ќе имаат повеќе разбирање.

Запрашан дали Реал Мадрид ќе има проблеми поради тоа што нема да може да го засили составот до 2018, Зидан вели: „Мислам дека нема да имаме.

„Среќен сум со тимот што го имам. Имаме доволно широк состав.

Без проблем можеме да играме две или три години.