24фудбал

Ливерпул го победи Челси на Стемфорд Бриџ (ВИДЕО)

Ливерпул слави три големи бода од дерби пресметката против Челси, Јирген Клоп ја доби битката со Антонио Конте и тоа на Стемфорд Бриџ.

Англија

Ливерпул со 2-1 го победи Челси на негов терен нанесувајќи му го првиот пораз на Антонио Конте.

Натпреварот беше отворен уште во 17. минута кога по нафрлување од Кутињо, Ловрен се најде на вистинското место и погоди за 0-1.

На десет минути до крајот на првото полувреме, Хендерсон постигна прекрасен гол за водство на Ливерпул од 2-0.

По 15 минути игра во вториот дел Диего Коста намали на 2-1 и го врати Челси во игра, но сините не направија доволно за да избегнат пораз.

Заслужена победа на Ливерпул со која бодовно се изедначи со Челзи, 10 бода од првите пет натпревари.