24фудбал

Деби гол на Несторовски во Серија А, Македонецот го спаси Палермо од пораз (ВИДЕО)

Илија Несторовски го постигна првиот погодок за Палермо во Серија А и му донесе бод на својот тим на гостувањето кај Кротоне.

Италија

Илија Несторовски почна да ги тресе мрежите во Италија, македонскиот напаѓач погоди на дуелот против Кротоне.

Кротоне имаше предност со голот на Трота од првото полувреме, Несторовски постигна гол во 66. минута за изедначување на 1-1.

Македонскиот напаѓач беше најдобар поединец кај Палермо, ги одигра сите 90 минути, имаше шанси и за втор погодок, но не успеа.


Џенова и Горан Пандев со 2-0 загубија на гостувањето кај Сасуоло, капитенот на Македонија во игра влезе во 59. минута но не успеа да му помогне на својот тим да избегне пораз.

Каљари со 3-0 ја победи Аталанта, Торино и Емполи одиграа без голови, Киево со 2-1 победи на гостувањето кај Удинезе.