24фудбал

Интер го сруши шампионот, Јувентус немоќен на Џузепе Меаца (ВИДЕО)

Интер го доби дербито на Италија, „нероазурите“ со 2-1 го победија Јувентус нанесувајќи му го првиот пораз на шампионот оваа сезона.

Италија

Масимо Алегри во дербито влезе без Гонзало Игуаин кој натпреварот го почна од клупата за резервни фудбалери, Манџукиќ беше првата опција во нападот, во првиот состав беше и Лихштајнер наместо Дани Алвеш.

Долго време натпреварот беше без голови, најсериозната шанса во првото полувреме ја имаше Икарди кој ја погоди стативата од голот на Буфон.

Резултатот беше отворен дури во 66. минута кога по асистенција од Сандро, Лихштајнер погоди за водство на Јувентус од 1-0.

Но, само две минути подоцна Икарди погоди за изедначување на 1-1, а во 78. минута Перишиќ реализираше за комплетен пресврт и победа на Интер од 2-1.

Интер натпреварот го заврши со десет играчи откако Банега заработи втор жолт картон во финишот.

По четири кола Јувентус е симнат од врвот, таму е Наполи со десет бодови, Интер се искачи на шестото место со седум бода.