24фудбал

Фелипе Луис ја покажа дупката на стапалото која му ја направи Суарез (ФОТО)

Порано гризаше сега гази, Фелипе Луис се „пофали“ со последицата од дуелот со Луис Суарез.

Шпанија

Синоќешното дерби помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид, Фелипе Луис го заврши со дупка во стапалото благодарение на Луис Суарез.

Суарез одамна не направил глупост на теренот, конечно синоќа ја покажа својата темна страна.

Луис Суарез жестокот го згазна Филипе Луис по што доби жолт картон, а каков беше стартот, најдобро говори сликата која ја постираше дефанзивецот на Атлетико.

Филипе Луис на својот инстаграм профил ја постираше сликата со коментар: „Среќа што не ме допре“.