24фудбал

Исфрлениот Брозовиќ сам со воз патувал во Емполи

Марсело Брозовиќ кој поради недисциплина е исфрлен од тимот на Интер, сам со воз отпатувал во Емполи за да го бодри тимот.

Италија
Брозовиќ поминал околу 300 километри за да го гледа мечот помеѓу Емполи и Интер, а тоа му се допадна на Франк де Бур.
 
„Среќен сум поради тој факт. Тоа значи дека сака да му помогне на тимот и тоа е вистински чекор. Мора да работи напорно и да покаже дека е професионалец“ - изјави Де Бур.
 
Брозовиќ поради недисциплина беше исфрлен од тимот уште пред натпреварот против Јувентус, по што Де Бур изјави дека Хрватот треба да покаже дека сака да се врати во тимо.
 
Овој потег на Брозовиќ сигурно е чекор напред кон негово враќање во составот.