24фудбал

Бускетс потпиша нов договор со Барселона

Серхио Бускетс стави потпис на нов договор со Барселона според кој останува на Камп Ноу до 2021 година.

Шпанија

Договорот вклучува можност за продолжување на уште две години во зависност од перформансите, а има и откупна клаузула од 200 милиони евра.

Откако во 2008 година Пеп Гвардиола го промовираше Бускетс во првиот тим на Барселона, тој стана клучен играч на каталонскиот тим и шпанската репрезентација.

„Возбуден сум што продолжувам да бидам поврзан со клубот на мојот живот. Се надевам дека ќе славиме уште многу успеси како тие претходно. Ова е најдобриот тим во светот. Сонувам да се пензионирам тука“ - изјави Бускетс.