24фудбал

Палермо ја продолжи црната серија против Јуве, „Бјанконерите“ се радуваа на нова победа (ВИДЕО)

Палермо пружи силен отпор но Јувентус ја продолжи победничката низа против „Сицилијанците“, шампионот на Италија вечерва триумфираше со минимални 1-0

Италија

„Старата Дама“ ги доби последните осум дуели со Палермо и тоа без да прими гол, а црната серија продолжи и денеска.

И покрај тоа што се машече, Јувентус стигна до минимална победа од 1-0 и тоа со автогол на домаќините.

На стартот од второто полувреме, Дани Алвес упати центаршут а Голданига во обид да расчисти, го промени правецот на топката и го измами сопствениот голман.

Илија Несторовски дуелот со шампионот Јувентус го започна од клупата за резерви и во игра влезе во 60. минута.

Македонецот еднаш се закани по голот на Џиџи Буфон но не успеа да го спаси својот тим од пораз.