24фудбал

Телеграф отркива скандал во Премиерлигата, осум менаџери земале процент од трансферите

Нови обвинувања од Телеграф, весникот стигнал до изјави од агенти кои откриваат дека сегашни и поранешни менаџери од Премиерлигата земале процент од трансфери

Англија

Откако го насамарија селекторот на Англија и објавија видео во кое тој дели совети како да се заобиколат правилата на ФА за трансфери, поради кое Сем Алардајс подоцна го напушти кормилото на „Трите Лава“, Телеграф денеска излезе со нова топ сторија и нов скандал.

Овој пат, новинари преставени како бизнисмени стигнале до изјави од агенти кои откриваат дека менаџери од Премиерлигата земале проценти од трансферите.

Се говори дека оваа практика ја применувале барем осум сегашни и поранешни менаџери од најсилното првенство на Англија.

Обвинувањата се темалат на изјавата на италијанскиот агент Пино Паљара, кој во 2005 беше суспендиран поради местење на натпревари.

Менаџерите најчесто земале процент од трансферите а парите им биле исплаќани во кеш или пак на сметка во Швајцарија.

Исто така имало и менаџер кој на играчите им обезбедувал побогат договор но за возврат барал секој месец да му ислаќаат одредена сума.

Новите видеа и се дадени на полицијата и во моментов не се откриваат имињата на менаџерите инволвирани во новиот скандал.