24фудбал

Кои се осумте менаџери од Премиерлигата обвинети дека земале процент од трансферите?

Барем осум сегашни и поранешни менаџери од Премиерлигата се обвинети за земање процент од трансферите, а агентот Пино Паљара вака ги опишува

Англија

Весникот Телеграф денеска објави скандал во Премиерлигата, и обвини дека менаџери земале процент од трансферите.

Имиња не беа откриени, видео снимките се предадени на полицијата, но агентот Пино Паљара вака ги опишува менаџерите.

Менаџер 1

Паљара вели дека поранешен менаџер на топ клуб сакал процент во кеш или депозит на сметка во банка во Швајцарија.

Тој дури вели дека може да му се јави на менаџерот во било кое време

Менаџер 2

Италијанецот вели дека уште еден поранешен менаџер од Премиерлигата сега е светец и покрај тоа што во минатото примал огромни суми на пари.

Менаџер 3

Менаџерот предводел голем број на клубови од „Островото“.

Паљара вели дека тој добил отказ откако еден од претходните работодавци го фатиле со „рацете во медот“.

Менаџер 4

Агентот вели дека овој менаџер имал огромно искуство во Премиерлигата. Паљара го познава „многу, многу добро“ и открива дека во преговорите често прашувал дали „има кафе за мене“.

Менаџер 5

Паљара често му префрлал пари на сметка во Швајцарија на поранешен менаџер на топ клуб. Вели дека овој менаџер му се јавувал и му го кажувал бројот на сметката.

Менаџер 6

Овој менаџер, поранешен играч, немал голема плата па барал екстра кеш за да се реализира зделката.

Менаџер 7

Уште еден поранешен менаџер од Премиерлигата кој наводно бил на платен список на многу агенти.

Менаџер 8

Менаџер кој долги години бил во еден клуб, ги терал играчите да му даваат определена сума а за возврат тој им обезбедувал зголемување на платите.