24фудбал

Додека Вест Хем е во тешка криза, фудбалерите се пијанчат до раните утрински часови

Вест Хем ги истражува тврдењата дека напаѓачот Енди Керол и голманот Дарен Рандолф биле пијани во вторникот по бурната понеделничка ноќ.

Англија

Во понеделникот вечерта повеќе фудбалери на Вест Хем биле излезени, а Енди Керол, Дарен Рандолф и Арон Кресвел останале до раните утрински часови.

Керол и Рандолф биле видени во 7 часот изутрина пијани во Мекдоналдс.

„Клубот ќе го истражи случајот и ќе реагира соодветно“ - изјави портпаролот на Вест Хем.

Керол во текот на вчерашниот ден влегол во расправија со фановите на социјалните мрежи.

„Сериозно морам да ги намалам забавите. Им се извинувам на сите“ - напиша Керол.

Вест Хем се наоѓа во голема криза, има пет порази на последните шест натпревари во Премиерлигата, тимот не е ниту бледа сенка на оној од минатата сезона.