24фудбал

Промашувањата на Пандев (ВИДЕО)

Натпреварот против Израел можеше да добие поинаков тек доколку капитенот Горан Пандев погодеше барем една од двете големи шанси кои ги имаше на почетокот од мечот.

Македонија
Македонија синоќа доживеа несреќен пораз од Израел, создадовме повеќе шанси за гол, не искористивме и пенал во 95. минута и на крајот завршивме уште еден загубен меч.
 
На почетокот од натпреварот Горан Пандев имаше две фантастични шанси, но капитенот е далеку од посакуваната форма и не успеа да реализира.
 
Најпрво во 11. минута иако можеше да го проигра лево осамениот Жута, Пандев со напаѓачки инстикт се обиде сам да шутира, пласираше, но крај голот.
 
Минута подоцна можност која е потешко да се промаши. Прекрасна асистенција од Алиоски до Пандев, а тој од идеална позиција биеше многу непрецизно.
 
На 15. минути до крајот Пандев беше изваден од игра, нервозно го напушти теренот негодувајќи на одлуката на селекторот.