24фудбал

„Аѕурите“ не толерираат недисциплина, Пеле исфрлен од репрезентацијата

Грациано Пеле нема да биде во комбинација за дуелот со Македонија, напаѓачот е исфрлен од репрезентацијата откако покажа непочитување кон селекторот Џампјеро Вентура

СП 2018

По еден час игра на вчерашниот дуел помеѓу Италија и Шпанија, Грациано Пеле беше повлечен од игра.

На напаѓачот не му се допадна ваквата одлука на селекторот, па кога го напушти теренот одби да се поздрави со Џампјеро Вентура.

Фудбалерот подоцна се извини, но и покрај тоа, тој нема да биде во комбинација за дуелот со Македонија во недела.

Фудбалската Федерација на Италија во согласност со селекторот Џампјеро Вентура реши да го исфрли Грациано Пеле од репрезентацијата.

„Поради покажано непочитување, Пеле е исфрлен од репрезентацијата – гласи известувањето.

„Да се биде дел од репрезентацијата на Италија потребно е да се почитуваат одредени вредности, а најважна е почитта кон персоналот, соиграчите и фановите.

„Пеле уште денеска ќе се врати во својот клуб.