24фудбал

Пандев: Не ми е важно дали јас ќе дадам гол, важно ми е да победуваме

Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев вели дека не му е важно да го прекине голгетерскиот пост, најважно му е Македонија да бележи победи.

Македонија

Македонија со два порази ги стартуваше квалификациите за Светското првенство, а Горан Пандев не постигнал квалификациски гол од 2008 година. Пред нашата репрезентација е тежок тест, утре излегува на мегдан со силната Италија.

„Одигравме одличен натпревар и со Израел и со Албанија, но штета што немаме бодови. Сакам да се заблагодарам за амбиентот на мечот во четвртокот, но сега ни доаѓа еминентен противник и мора да се концентрираме на утрешниот натпревар. Не треба да се трошат зборови за Италија и нивниот квалитет. Да дадам гол не ми е приоритет, дај Боже да победуваме со години, а Горан не мора да даде гол. Можеби во групата фаворит е Шпанија, но има уште многу натпревари да се играат и сигурен сум дека овие две селекции ќе играат до крај за првото место во групата“ - вели Горан Пандев

Натпреварот Македонија-Италија се игра во недела со почеток од 20:45 минути на националната арена ‘Филип Втори’.