24фудбал

Модриќ до 2020 во Реал Мадрид

Лука Модриќ стави потпис на нов договор со Реал Мадрид според кој во клубот ќе биде до 2020 година.

Шпанија

Реал Мадрид денеска соопшти дека ја продолжува соработката со Лука Модриќ.

„Реал Мадрид и Лука Модриќ постигнаа договор за продолжување на соработката до 30. јуни 2020 година“ - стои во соопштението на клубот.

Се очекува следен кој ќе го продолжи договорот со Реал Мадрид да биде Кристијано Роналдо.