24фудбал

Пике: Размислував да се откажам од фудбалот по мундијалот во Бразил

Дефанзивецот на Барселона и Шпанија, Жерард Пике открива дека во 2014 немал повеќе мотивација да игра па размислувал за пензија

Шпанија

По светското првенство во Бразил, Жерард Пике сакал да ги обеси копачките на ѕид.

„Размислував да се откажам. Од Барселона, од репрезентацијата од се – рече Пике на денешната прес конференција.

„За да правите нешто потребна ви е мотивација. Доколку немате мотивација, најдобро е да престанете, таква е мојата филозофија“.

„По мундијалот во Бразил разговарав со Висенте Дел Боске и Мариа Хосе Кларамунт, им кажав дека повеќе не сакам да играм фудбал.

„Не можев да најдам мотивација, можеби поради тоа што освои се многу млад.

„Тие ме убедуваа да продолжам да играм а со пристигнувањето на Луис Енрике, и најавите дека тој сака да не врати на врвот, ми се врати желбаа и мотивацијата.

„Сега сум среќен и се чуствувам подобро од било кога.

Жерард Пике исто така истакна дека останува на одлуката да се повлече од репрезентацијата на Шпанија по СП 2018.

„Прочитав дека Твитер, Марка, АС или пак некои марионети на Флорентино Перез ме натерале да го напуштам националнио тим.

„Тоа не е точно. Подолго време размислував да го сторам ова. Десет години играм за Шпанија и чуствувам дека е време да се повлечам и да го отстапам местото на други.