24фудбал

Роналдо: Да имав жена како на Фиго помалку ќе лудував по дискотеките

Легендата на Бразил, Роналдо уште еднаш говореше за бурниот ноќен живот и на шега вели дека помалку ќе лудувал по дискотеките доколку имал жена како на Луис Фиго

Останато

Добро познато е дека „Феноменот“ во Интер повеќе време поминуваше во дискотеките отколку на тренинзите, а слична била ситуацијата и кога Роналдо го носеше дресот на Реал Мадрид.

„Флорентино Перез ми кажа дека треба повеќе да седам дома и да не шетам толку многу по дискотеките – вели Роналдо.

„Ми кажа дека треба малку да се огледам на Луис Фиго и тој да ми биде пример кој треба да го следам.

„Со почит му кажа дека и јас ќе седам дома доколку имам жена како на Фиго.

„Повеќе ноќи имам поминато со Роберто Карлос отколку со сите жени со кои сум бил во брак заедно.

Роналдо зборува за Хелен Сведин, модел од Шведска и заштитно лице на брендот Ејч енд Ем.