24фудбал

Вардар, Шкендија и Пелистер меѓу осумте најдобри во Купот на Македонија

Вардар уште еднаш го победи Влазрими, Шкендија ја сочува предноста против Работнички, а Пелистер благодарение на гол во гости се пласира во четвртфиналето од Купот на Македонија.

Македонија

Вардар со головите на Петковски и Обрегон го победи Влазрими со 2-0 и со вкупни 5-1 се пласира меѓу осумте најдобри во Купот на Македонија.

Интересно беше на дуелот во Тетово помеѓу Ренова и Пелистер. Битолчани дојдоа со предност од 2-0, но Ренова со голови на Садики, Мемеди и Мишковски имаше водство од 3-0 и во тие моменти беа во четвртфиналето, но Тодоровски погоди во 77. минута за конечни 3-1 и поради гол постигнат во гости Пелистер избори место понатаму.

Шкендија и Работнички одиграа без голови 0-0, па победата од 2-0 на првиот меч им беше доволна на Тетовчани за пласман понатаму.

Покрај Вардар, Пелистер и Шкендија, претходно четвртфинале изборија Металург, Победа, Брегалница, Силекс и Шкупи.