24фудбал

Гвардиола: Ова не е мојот најтежок пораз

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола загуби со 4-0 во второто враќање на Камп Ноу, но вели дека ова не е неговиот најтежок пораз

Лига на Шампиони

„Граѓаните“ направија премногу грешки, нешто што не можат да си го дозволат со било која екипа, а најмалку против Барселона па на крајот „Каталонците“ славеа со високи 4-0.

„Тешко е да се игра против Барселона, се до црвениот картон на Браво натпреварот беше отворен, креиравме шанси но не ги искористивме – рече Пеп Гвардиола по крајот на натпреварот.

„Ова не е мојот најтежок пораз. Најтежок пораз ми беше со Баерн Минхен против Реал Мадрид, поради целата ситуација и грешките кои ги направив при изборот на стартниот состав

Запрашан дали на Камп Ноу скапо ги платиле индивидуалните грешки, менаџерот на „Граѓаните“ рече: „Да, веројатно. Фернандињо се лизна за голот на Меси, потоа се случи грешката на Браво и црвениот картон.

„Но таков е фудбалот, грешките се составен дел“.