24фудбал

Погба побарал дозвола од Руни да го изведе пеналот

Пол Погба открива дека побарал дозвола од Вејн Руни да го изведе пеналот и му се заблагодари на капитенот што му дозволил да шутира

Лига Европа

Манчестер јунајтед вчера со 4-1 славеше над Фенербахче и со добар натпревар се загреа за дуелот со Челси во Премиерлигата.

Пол Погба беше стрелец на два гола, првиот го постигна со удар од белата точка.

По крајот на натпреварот, Французинот откри дека морал да побара дозвола од Вејн Руни, со оглед на тоа дека напаѓачот бил прв изведувач.

„Му кажав дека сакам да го изведам пеналот и тој ми дозволи – вели најскапиот фудбалер во историјата.

„Среќен сум што постигнав гол.

„Играч како него, Вејн Руни, капитенот, да ми дозволи да шутирам, покажа големо почитување и многу сум му благодарен.