24фудбал

Агуеро последна жртва на револуцијата на Гвардиола!?

Според пишувањата на медиумите од Англија, Кун Агуеро би можел да добие „клоца“ и да го напушти Етихад Стадионот

Англија

Неколку весници од „Островото“ утрово под знак прашалник ја ставија иднината на Кун Агуеро во Манчестер Сити, и пренесоа дека Пеп Гвардиола полека го губи трпението со Аргентинецот.

Напаѓачот има постигнато 11 погодоци на 10 натпревари, но беше оставен на клупата против Барселона во Лигата на Шампионите, и влезе во игра откако натпреварот веќе беше решен.

Пеп Гвардиола наводно не е задоволен од залагањето на играчот на тренинзите, како и тоа што летоска на подготовките пристигнал со неколку килограми повеќе.

Во Манчестер Сити во јануари ќе пристигне бразилската сензација Габриел Жезус а „Граѓаните“ исто така ја следат и ситуацијата на Пјер Емерик Обамејанг и Антоан Гризман.