24фудбал

Атлетико го „заштити“ Караско со клаузула од 100 милиони евра

Атлетико Мадрид ја продолжи соработката со Јаник Караско, фудбалерот стави потпис на нов договор со трајност до 2022

Шпанија

Репрезентативецот на Белгија во последно време игра во одлична форма, па со добрите игри го привлече вниманието на големите клубови ширум Европа.

Но тие ќе треба длабоко да брцнат во џебот доколку сакаат да го ангажираат, Јаник Караско денеска стави потпис на нов договор во кој има откупна клаузула од високи 100 милиони евра.

За новиот договор со трајност до 2022, фудбалерот рече: „Среќен сум што уште долги години ќе бидам дел од Атлетико Мадрид.