24фудбал

Фергусон откри за што најмногу жали од времето поминато во Манчестер јунајтед

Сер Алекс Фергусон жали што не ги предводел „Црвените Ѓаволи“ во финале од Лигата на Шампионите во неговиот роден град Глазгов

Англија

Финалето од најелитното европско натпреварување во 2002 се одигра во Глазгов, а на теренот силите ги одмерија Реал Мадрид и Баер Леверкузен.

Манчестер јунајтед беше на чекор до завршницата, но беше елиминиран од „Фармацевтите“ во полуфиналето поради гол во гости.

Сер Алекс Фергусон сега открива дека жали што не ги предводел „Црвените Ѓаволи“ во финале од Лигата на Шампионите во неговиот роден град Глазгов.

„За една работа навистина жалам многу, што не го однесов Манчестер јунајтед во финале од Лигата на Шампионите во 2002 – вели Шкотот.

„Целта беше да играме во Глазгов, но загубивме од Баер Леверкузен во полуфиналето.

„Среќата не беше на наша страна. На крајот немавме доволно време. Судијата не можеше да го разбере моето време и неговото време!