24фудбал

Вака Роналдо му ја „скрши кичмата“ на најтешкиот противник (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо открива дека левиот бек Ешли Кол му бил најтешкиот противник на теренот

Англија

Двајцата имаа големи битки додека ЦР7 го носеше дресот на Манчестер јунајтед, а се имаат сретнато и на репрезентативна должност со Португалија и Англија.

И покрај тоа што Кристијано Роналдо изминатиов период во дресот на Реал Мадрид се има сретнато со голем број на дефанзивци, вели дека левиот бек му бил најтешкиот противник.

„Низ годините, имав некои навистина добри битки со Ешли Кол, не ме оставаше да дишам – вели ѕвездата на Реал.

„Во врвот на кариерата, Ешли беше решителен, брз и цврст во стартовите. Знаете дека против него никогаш нема да имате лесен натпревар.

Но првата средба помеѓу двајцата не беше баш пријатна за Ешли Кол. Роналдо со дриблинг го понижи левиот бек, а Англичанецот можеше и посериозно да се повреди.

Неколку години подоцна Ешли Кол се одмазди, Роналдо не мрдна на натпревар помеѓу Манчестер јунајтед и Челси на Олд Трафорд, а левиот бек дури и му покажа на ЦР7 дека го „ставил в џеб“.