24фудбал

Португалските медиуми откриваат колку тежи новиот договор на Роналдо

Весникот Корејо де Мања пишува дека Кристијано Роналдо ќе „лапне“ 118 милиони евра од новиот пет годишен договор со Реал Мадрид

Шпанија

Кристијано Роналдо вчера ја продолжи верноста кон „Кралевите“ и се обврза до 2021.

Се верува дека ЦР7 со новиот договор ќе стане играчот со најголема плата во светот на фудбалот, но медиумите од Шпанија малку пишуваа за финансиските детали.

На оваа тема денеска се огласи Корејо де Мања, португалскиот весник кој е близок до ЦР7 и неговиот агент Жорж Мендеш, пренесе дека договорот е тежок 118 милиони евра.

Кристијано Роналдо ќе добива годишна плата од 23,6 милиони евра, или нешто над 450.000 евра неделно.