24фудбал

На 1 декември Македонија У21 ќе ги дознае противниците за Европското првенство

УЕФА ги одреди шеширите за ждрепката за Европското првенство за играчи до 21 година, Македонија очекувано се најде во последниот.

Македонија

Македонската младинска репрезентација направи историски успех пласирајќи се на Европското првенство, сега следува ждрепката за големиот настан.

На Европското првенство учествуваат 12 репрезентации кои ќе бидат поделени во три групи од по четири селекции. Трите првопласирани, и најдобрата второпласирана ќе играат во полуфинале.

На ждрепката која ќе се одржи на 1 декември, репрезентациите се поделени во три шешири. Во последниот во кој е и Македонија се наоѓаат шест селекции.

Шешир 1: Полска, Германија, Португалија

Шешир 2: Англија, Шпанија, Данска

Шешир 3: Македонија, Италија, Шведска, Чешка, Србија, Словачка