24фудбал

Меси куртули затвор но на Ето црно му се пишува

Според пишувањата на медиумите од Шпанија, Самуел Ето има сериозни проблеми и му се заканува затворска казна од 10 години и парична глоба од 14 милиони евра

Шпанија

По Лео Меси, Самуел Ето е новото звучно фудбалско име кое има проблеми со даночните власти во Шпанија.

Аргентинецот и покрај тоа што беше осуден за затајување данок, не заврши зад решетки, но на Самуел Ето црно му се пишува.

Весникот Ел Паис пренесува дека Камерунецот е обвинет дека затаил данок од 3,5 милиони евра во периодот од 2006 до 2009 кога го носеше дресот на Барселона.

Проблем се приходите од имиџ правата, Самуел Ето со отварање на компанија во Унгарија се обидел да избегне плаќање на данок.

Па обвинителството сега бара затворска казна од 10 години и шест месеци, како и парична глоба од високи 14 милиони евра.