24фудбал

Агуеро четири натпревари на „ладење“ по бруталниот старт врз Луиз

Кун Агуеро доби суспензија од четири натпревари за црвениот картон против Челси и опасниот старт врз Давид Луиз

Англија

За Аргентинецот ова беше втор сериозен прекршок оваа сезона, па како што се очекуваше, тој доби натпревар повеќе од стандардната суспензија од три натпревари.

Поради непромислениот потег, најдобриот стлрец на Манчестер Сити ќе ги пропушти дуелите со Лестер, Ватфорд, Арсенал и Хал.

Фернандињо, кој беше искучен откако го турна Фабрегас преку рекламите во мешаницата која настана по стартот на Агуеро, доби три натпревари суспензија и ќе се врати за средбата против Хал на Боксинг Деј.