24фудбал

Барселона го покани Чапекоенсе на трофејот Жоан Гампер

„Каталонците“ сакаат да му помогнат на Чапекоенсе по големата трагедија, па испратија покана до клубот од Бразил за настап на трофејот Жоан Гампер

Шпанија

Во авионска несреќа на пат кон Меделин за финалето на Копа Судамерикана, животот го загубија 71. лице, помеѓу кои 19 фудбалери на Чапекоенсе и целиот тренерски персонал.

Па целиот фудбалски свет ја нуди својата помош да му помогне на Чапекоенсе во овој тежок период.

Со свој предлог сега излезе Барселона, „Каталонците“ го поканија клубот од Бразил да учествува на следниот трофеј Жоан Гампер кој ќе се игра на Камп Ноу во август 2017.

Барса исто така соопшти дека е отворена и за соработка за институционална и спортска реконструкција на Чапекоенсе и враќање на клубот на здрави нозе.