24фудбал

Арсенал немаше среќа, пак ќе игра против Баерн

Ждрепката во Нион одново не беше поволна за Арсенал, „Топчиите“ за противник во осминафиналето го добија стариот познаник Баерн Минхен

Лига на Шампиони

Арсен Венгер се надеваше дека со освојување на првото место во групата Арсенал конечно ќе добие полесен противник и ќе ја преживее првата нок-аут рунда во Лигата на Шампионите.

Сепак, денешната ждрепка во Нион не беше поволна за „Топчиите“, клубот од Северен Лондон за противник го доби Баерн Минхен, тимот од кого доживеаа елиминација токму во оваа фаза во 2013 и 2014.

Мала утеха за Арсенал е тоа што реваншот ќе го игра пред своите фанови.

Ждрепката донесе уште една мега пресметка, ПСЖ се среќава со стариот познаник Барселона.

„Каталонците“ ги елиминираа светците во четврфиналето во 2013 и 2015.

Првите натпревари се играат на 14, 15, 21 и 22 февруари, а реваншите се на програмата на 7, 8, 14 и 15 март.

Осминафинале во Лигата на Шампионите:

Севиља - Лестер
ПСЖ - Барселона
Баер Леверкуен - Атлетико Мадрид
Порто - Јувентус
Баерн Минхен - Арсенал
Бенфика - Борусија Дортмунд
Реал Мадрид - Наполи
Манчестер Сити - Монако