24фудбал

Гвардиола ќе добие 250 милиони фунти за засилувања

Раководството на Манчестер Сити планира на Гвардиола да му одобри голема сума за ново засилувања во летниот преоден рок со цел тимот да се бори за трофејот во Премиерлигата.

Англија

Авантурата на Гвардиола во Премиерлигата не оди според планираното. Манчестер Сити е надвор од топ четири на табелата, а стратегот изминатиот викенд го доживеа својот највисок пораз во кариерата откако загуби со 4-0 од Евертон.

Очигледно е дека англиската лига е многу потешка за Гвардиола отколку Шпанија и Германија, а неговите фрустрации се видливи на последните интервјуа по мечевите.

Но, и покрај неуспехот клубот верува во Пeп, смета дека тој е вистинскиот човек што може да го крене тимот на највисоките позиции па подготвува огромен буџет за засилувања на лето. Англиските медиуми пишуваат дека се работи за сума од 250 милиони евра.

Минатото лето Гвардиола потроши 150 милиони евра ангажирајќи ги Џон Стоунс, Нолито, Габриел Хесус, Лерој Сане, Гундоган.

На листата на желби на Гвардиола се Алексис Санчез, Коке, Ван Дијк, Обамејанг... а многу веројатно е дека ќе биде ангажиран и нов голман.

Гвардиола нема избор, мора да ја признае грешката со ангажманот на Браво. Харт треба да се врати од Торино по крајот на сезоната, но веројатно ќе биде продаден на друг клуб, а Пеп ќе се обиде да донесе соодветен голман

Гвардиола во Англија дојде со намера да го наметне својот стил на игра, но се чини дека доколку сака да успее во Премиерлигата ќе треба тој да се прилагоди на играта.