24фудбал

Не е се во парите, Робен одбил богата понуда од Кина

Холандскиот фудбалер, Арјен Робен им се чуди на помладите играчи како прифаќаат понуди од Кина, вели дека преселба таму значи крај на кариерата.

Германија

Холанѓанецот вчера ја продолжи соработката со „Баварците“ и стави потпис на нов едногодишен договор.

Исто како и голем број на играчи од Европа, на адреса на Арјен Робен пристигнала богата понуда од Кина.

Но 32 годишниот Холанѓанец вели дека парите никогаш не му зналече ништо, целта му е да продолжи да игра на највиско ниво и затоа одлучил да остане на Алианц Арена.

„Мојот престој во Баерн е фантастичен, играм за еден од најдобрите клубови во светот” – вели Роберн. „Не знам каде би се преселил на овие години”.

„Трансфер во Кина е нешто сосема поразлично. Практично признавате дека вашата кариера завршила. Јас сакам да продолжам да играм на највиско ниво што е можно подолго”.

„Лудило е она што се случува во Кина во моментов. Се нудат луди суми. И јас добив понуди. Бројките се толку неверојатни што мора да размислите”.

„Нудат четири, пет па и шест пати поголеми суми од оние кои го добивате во големите клубови”.

„Но парите никогаш не ми значеле ништо. Затоа имав толку добра кариера, првиот избор секогаш ми бил фудбалот. Имате само една кариера”.

Репрезентативецот на „Лалињата“ исто така вели дека не може да ги разбере играчите кои во врвот на кариерата го напуштаат стариот континент за преселба на Далечниот Исток.

„Не ги разбирам играчите кои имаат 27 или 28 години и одат во Кина. Тие се во врвот на кариерата. Тоа е жално. Еднаш сте фудбалер. Оние кои имаат над 30 години донекаде можам да ги разберам”.