24фудбал

Верати го посочи единствениот клуб поради кој би заминал од ПСЖ

Марко Верати е среќен на Паркот на Принцовите, но вели дека има еден клуб за кого е подготвен да замине од ПСЖ

Шпанија

Медиумите од Италија најавуваат дека Интер и Јувентус летоска ќе се обидат да го вратат Марко Верати на „Чизмата“, но репрезентативецот на „Аѕурите“ има други планови.

Во разговор со шпанските медиуми, Марко Верати открива дека Барселона е неговиот избор.

„Иако се наоѓам во клуб кој има добар проект и се чуствувам како дома, секој играч би сакал да игра за Барселона, тие се најдобриот тим во светот – вели фудбалерот од средниот ред.

„Во нападот ги имаат најдобрите тројца играчи, како и Иниеста. Иниеста, Меси и Нејмар за миг можат да креираат шанса.

Ел Мундо Депортиво пак го цитира Верати како вели: „Доколку треба да го напуштам ПСЖ, едиствена опција ќе ми биде Барса.

„Доколку заминам од Париз, Барса ќе биде изборот порачи начинот на кој тие го разбираат фудбалот.