24фудбал

Неизвесноста за Адеми продолжува, судот ја одложи одлуката за 17. март

Аријан Адеми денеска требаше да дознае дали неговата суспензија ќе биде укината, но Судот за спортска арбитража од Лозана одложи уште еднаш, новиот датум кога треба да се дознае судбината на македонскиот репрезентативец е 17. март.

Македонија

Македонскиот фудбалски репрезентативец ќе треба да чека уште еден месец откако Судот во Лозана повторно го одложи донесувањето на одлуката.

„Меѓународниот спортски суд во Лозана известува дека е продолжен рокот на одлуката за случајот Адеми. Новиот рок е на 17. март 2017“ - стои во соопштението на Судот за спортска арбитража.

Се веруваше дека судот во Лозана ќе донесе ослободителна пресуда за Адами, новото одложување фрла само нова сомнеж.

Анализите од лабараторијата во Келн покажале дека лекот Мегамин кој го земал Адеми бил загаден со забранетата супстанца Станозол од страна на производителот, па нема никаква намера за користење на недозволено средство од страна на македонскиот репрезентативец.