24фудбал

„Не сум видел полош тим од Арсенал, Венгер веќе никој не го сфаќа сериозно“

Легендарниот германски голман, Оливер Кан е полн со критики за Арсенал, особено за неговиот сонародник Месут Озил и смета дека фудбалерите веќе не го слушаат Венгер.

Лига на Шампиони

Арсенал доживеа уште еден дебакл на гостувањето кај Баерн Минхен и оваа сезона загуби со 5-1 на Алијанц Арената, пораз кој донесе лавина од критики.

Еден од оние кои гласно го критикуваа Арсенал, е поранешниот германски голман, Оливер Кан.

„Никогаш не сум видел некој тим да игра толку лошо. Баерн Минхен играше против тим кој беше катастрофален без топка“ - вели Кан.

„Фудбалерите беа премногу пасивни, особено Озил. Изгледа како веќе да не го сфаќаат сериозно тренерот Венгер“.